#НаукаЗаДеца

На почетокот на коронавирус епидемијата ве замоливме да споделувате едноставни експерименти со хаштагот #НаукаЗаДеца. Подолу е избор од нашите омилени видеа. Продолжете да споделувате!

Електромагнетизам

Физика

Повеќето магнети, како тие кои ги имаме дома на фрижидер, не можат да се уклучат или исклучат и тие се викаат перманентни магнети. Тоа значи дека тие секогаш се магнетизирани. Но, магнетот кој го создаваме со овој експери...

Види повеќе

Куркума како индикатор

Хемија

Овде веќе ти покажавме како да користиш црвена зелка за да си направиш природен индикатор. Ако мислиш дека немаш доволно познавања за индикатори, исто така имаме кратки видеа кои ќе ти обј...

Види повеќе

Компас

Физика

Можеби дома веќе имаш компас и знаеш како да го користиш. Aма нели би било поинтересно да си направиш твој компас од работи кои можеш да ги најдеш по дома? Во ова видео, Гораст ќе ти покаже како да направиш компас од игла з...

Види повеќе

Множење двоцифрени броеви

Математика

Во ова видео ќе ти покажеме како може да помножиш два двоцифрени броеви само со цртање на линии. Овој метод е познат како јапонско множење. А зошто функционира? Затоа што се базира на дистрибутивноста на операцијата мно...

Види повеќе

Самодувачки балон

Хемија

Ако си како нас, сигурно обожуваш балони! Ама некогаш е заморно да ги надуваш сам, па еве еден експеримент за самодувачки балон. Потребен ти е еден балон, едно шише, малку оцет и сода бикарбона. Стави го оцетот во шишето, а ...

Види повеќе

Ден и ноќ

Физика

Дали некогаш си помислил зошто постојат ден и ноќ? Зошто некогаш го гледаме сонцето на небото, а некогаш не? Тоа е затоа што планетата земја е сфера која кружи околу сонцето, а истовремено ротира околу својата оска. Како ...

Види повеќе

Површински притисок

Физика

Дали знаеш зошто некои инсекти можат да одат врз површината на водата? На пример комарците никогаш не потонуваат во водата, туку тие можат да стојат на неа како да е таа цврста површина. Во овој експеримент ќе научиме де...

Види повеќе

Томатроп

Природни Науки

Многу е лесно да ги прелажеме очите за да видат нешто што не е реално! Всушност, тоа го правиме многу често, на пример секој пат кога гледаме видео на телевизор или телефон. Кога гледаме видео, ние гледаме само една голема...

Види повеќе

Експеримент со вода и свеќа

Природни Науки

Знаеме дека на пламенот му е потребен кислорот за да може да гори. Па кога нема кислород, нема ни пламен. Но што се случува откако ќе се потроши целиот достапен кислород од еден мал затворен сад во кој гори свеќа? Во ово...

Види повеќе

Знаци на хемиска реакција

Хемија

Целта на овој експеримент е да покажеме дека создавањето на гас е еден од знаците на хемиска реакција. При мешање на натриум хидроген карбонат и оцетна киселина настанува хемиска реакција при што се создава натриум аце...

Види повеќе

Дух од шише

Хемија

Некои хемиски реакции се одвиваат брзо дедека други многу бавно. Бавните хемиски реакции може да ги забрзаме со додавање на супстанци кои се познати како катализатори. Катализатори се супстанци кои ги забрзуваат хемис...

Види повеќе

Лава ламба

Хемија

При реакција на карбонат со киселина се ослободува јагелрод диоксид кој е гас. Освен јаглерод диоксид при оваа реакција се образува сол и вода. Општа равенка е: карбонат + киселина → сол + вода + јаглерод диоксид. Ако про...

Види повеќе

Пламен во шише

Хемија

Егзотермна реакција е реакција во која енергијата во вид на топлина се ослободува во околината. При егзотермна реакција температурата на околината се зголемува. Горењето е хемиска реакција. Супстанцата која гори реаг...

Види повеќе

Секојдневни материјали и нивните својстава

Хемија

Физички својства на супстанците се оние својства кои може да ги забележиме со нашите сетила или да ги измериме со инструменти. Такви се боја, мирис, вкус, агрегатна состојба, густина, температура на топење и вриење и др. ...

Види повеќе

Степенување

Математика

Дали знаеш дека има една интересна врска меѓу квадратите на природните броеви? Ќе ја откриеш ако ги напишеш по ред разликите помеѓу два последователни квадрати на природни броеви. Или ако го изгледаш ова видео. Во него ...

Види повеќе

Фотосинтеза

Биологија

Фотосинтеза е процес во кој растенијата ја претвораат сончевата енергија во хемиска енергија и потоа истата ја складираат. Како се случува ова и кои хемиски соединенија учествуваат во процесот на фотосинтеза? Изгледа...

Види повеќе

Растенија што цветаат

Биологија

Колку дена се потребни за да почне да ’рти семе на грав? А на пченица? А на чешне лук? Лесно можеш да дознаеш. Сѐ што ти треба е памук, вода, неколку садови, сончев прозорец, и, се разбира, семе. Следи ја постапката од видеото...

Види повеќе

Густина на течности

Физика

Ако ставиш јајце во вода тоа ќе потоне, затоа што е погусто од водата. Но можеш ли да ја направиш водата погуста од јајцето? Можеш, и тоа многу лесно: само со додавање сол. Овој краток експеримент од една минута ти покажува...

Види повеќе