Автор: Ристевска Мартина

Тема: Растенија што цветаат

Колку дена се потребни за да почне да ’рти семе на грав? А на пченица? А на чешне лук? Лесно можеш да дознаеш. Сѐ што ти треба е памук, вода, неколку садови, сончев прозорец, и, се разбира, семе. Следи ја постапката од видеото и ќе видеш дека може да имаш никулци за само неколку дена.

Кога никулците ќе имаат барем две зелени ливчиња, посади ги во земја и набљудувај како растат. Можеш да ги црташ, фотографираш, или запишуваш промените секоја недела. Можеш и да ја мериш висината на твоите растенија, а и да им ги броиш листовите, па да направиш графикон на нивното растење. Ако добро се грижиш за нив, ќе имаш вистинска мала градина.

Сподели