Автор: Бојан Петрушевски

Тема: Множење двоцифрени броеви

Во ова видео ќе ти покажеме како може да помножиш два двоцифрени броеви само со цртање на линии. Овој метод е познат како јапонско множење. А зошто функционира? Затоа што се базира на дистрибутивноста на операцијата множење. Ако го разложиме примерот кој е даден во видеото добиваме:

12*13 = (10*1 + 2) * (10*1 + 3) = [1*1*10^2] + [10*(3 + 2)] + [2*3]

Трите изрази во средни загради точно соодветствуваат на бројот на пресеци кој го добиваме со помош на јапонското множење, односно на стотките, десетките и единиците.

Јапонското множење станува тешко кога работиме со повеќецифрени броеви, погледни го овa видео за пример за множење на троцифрени броеви.

Сподели