Научна култура и ментална фискултура за најмладите
Што ќе се случи кога група научници, наставници и медиумски експерти ќе одлучат да соработуваат?
Ова е прашањето што си го поставивме кога коронавирусот нè затвори дома и нè натера сериозно да размислуваме за дигитализација на образованието.
Родителите меѓу нас сфатија дека нашите деца имаат ограничено количество внимание во ситуација кога не се заедно со своите учители и соученици.
Наставниците меѓу нас беа свесни дека системот не е создаден да поддржува образование на далечина и дека наставните содржини треба да се прилагодат на новото време.
Научниците меѓу нас видоа шанса да промовираат научна писменост меѓу најмладите, користејќи ги ресурсите кои ни се пред очи.
„Наука за деца” е под покровителство на граѓанската иницијатива Кантарот, со желба да се промовира научна култура и ментална фискултура кај најмладите.
Ајде сите на вежбање!
ИНИЦИЈАТОРИ
ПАРТНЕРИ
ПОДДРЖУВАЧИ
СОРАБОТНИЦИ
Tоми Бошковски
Ага Каракузу
Владимир Трајковиќ
Бојана Стојанова
Менка Стојанова
Марија Стојанова
Билјана Гаштеовска
Кирил Гаштеовски
Маја Виденовиќ
Мирјана Јанкуловска
Силвана Ристевска
Александра Атанасовска Блажевска
Милена Јанкуловска Петковска
Силвана Јакимовска Бинова
Анита Пренџова
Дафинка Срезоска
Драгана Манасова
Надица Атанасовска
Гораст Ангеловски