Како се прави позадина што се движи во Scratch?

Во претходните лекции ги совладавме основните концепти на програмирањето. Научивме што се услови, циклуси и оператори. Сега е вистинско време да почнеме со кодирање на игри во Scratch.

За почеток, замисли дека главниот карактер во твојата игра треба да се движи. Како ќе направиш движењето да изгледа реално со тоа што твојот карактер ќе поминува покрај згради, карпи, дрвја, итн.?

Одговорот на ова прашање се крие во видеата што ни ги подготвија студентите од ФИНКИ. Разбуди ја твојата љубопитност и погледни ги видеата за да дознаеш. Обиди се сам(а) да испрограмираш позадина што се движи и стисни лајк на видеото што ти помогна најмногу. И запомни, програмирањето не се учи на памет, туку преку примери и проба.





Сподели ja лекцијата