Хексафлексагон - математички оригами

Научи како да направиш чудесен оригами хексагон. (превземено од Vi Hart )

Направи хексафлексагон

Изгледај го ова видео за да дознаеш што е хексафлексагон, кој го открил, и како и ти да направиш еден (или многу)?

Ти се заврте главата од претходното видео? Тогаш изгледај го ова, побавно и подетално видео кое ни го прати Алекс за да видиш точно како се прави хексафлексагон.

Можеш и да го користиш овој документ за да имаш шаблон за правење хексафлексагон и потсетник за чекорите на виткање. Ако немаш печатач можеш внимателно да го прецрташ шаблонот на лист хартија кој ќе го ставиш врз екранот.

Направи шарен хексафлексагон!

Обој ги трите страни на твојот хексафлексагон, нацртај нешто, или напиши скриена порака! Ако користиш тенка хартија која пропушта боја од двете страни, направи дупла лента хартија за хексафлексагонот (земи дебела лента која ќе ја превиткаш на две надолжно). Можеш да направиш хексафлексагон со Рубикова коцка, ѕвезди или фиџет спинери. Можеби ќе те инспирираат овие дизајни, во кои различни планети стануваат една, ѕвезди експлодираат, а намуртените лица се насмевнуваат:

Прати ни слика или видео од твојот хексафлексагон, или сподели го со таг #НаукаЗаДеца!

Како добро да го свиткаш првиот рамностран триаголник?

Ова е најважниот чекор кога правиш хексафлексагон, и можеш да го направиш на два начини.

  1. Измери агол од 60° на крајот на лентата.

  2. Исечи го крајот на лентата под агол од 60°.

  3. Свиткај ја лентата така што линијата под агол 60° се совпаѓа со работ на лентата.

  4. Продолжи да виткаш додека да добиеш хармоника од триаголници.

А што ако немаш агломер? Тогаш треба само да поделиш агол од 180° на три еднакви агли. А како? Па исто како што би свиткал-а лист хартија на три еднакви дела - со обидување.

  1. Свиткај ја хартијата со агол од одприлика 60° без да притискаш многу на работ.

  2. Направи нов раб со виткање на лентата хартија во обратна насока.

  3. Провери дали рабовите на триаголникот се совпаѓаат.

  4. Провери на светлина дека имаш два рамнострани триаголници.

  5. Ова можеби ќе треба да го вежбаш повеќе пати, но не се откажувај!

  6. Продолжи да виткаш додека да добиеш хармоника од триаголници.

Сподели го експериментот