
За што служи хетеростилноста на јагликите?
Направи модели на цветови од јаглики, истражи го опрашувањето на јагликите и дознај зошто се хетеростилни.
Сигурно веќе сте набљудувале цвет од блиску и веднаш сте ги забележале шарените венечни ливчиња? Цветовите исто така имаат и прашници со полен и устенце (поврзано со толчникот преку столпче) на кое поленот може да се залепи и преку кое го оплодува цветот.

Повеќето цветови имаат и прашници и толчник со устенце, но тие не изгледаат секогаш исто. Дали можете да ги препознаете прашниците и устенцето кај овие цветови?

Понекогаш постојат и разлики во формата на прашниците и толчникот помеѓу растенијата од еден ист вид! Погледнете ги, на пример, овие два цвета од јаглика:

Цветот во лево има долг толчник и устенцето се забележува кога го гледате од горе, а прашниците се скриени внатре во цветот. За овој цвет велиме дека има S-форма. Десно пак, прашниците се наоѓаат повисоко во цветот а под нив се крие устенцето, и велиме дека има L-форма. Следниот пат кога ќе наидете на јаглики, погледнете го одблиску нивниот цвет и пробајте да препознаете за која форма се работи.
Ваквите растенијата, со прашници и толчници со различна должина се нарекуваат хетеростилни. Интересно е дека кај јагликите, опрашувањето и оплодувањето се можни само помеѓу две растенија со различна форма. Два S-цвета (или два L-цвета) не можат да се размножуваат меѓу себе и да произведат семе дури и ако поленот од еден цвет стигне до устенцето на другиот цвет.
Ајде да дознаеме како хетеростиноста им помага на јагликите да најдат партнер со соодветна форма за размножување, и зошто е ова битно за нивниот опстанок.
Материјали

- Чашки од хартија
- Хартиени сламки
- Украсна жица
- Картон
- Волна
- Пипер или кумин
- Хартиена чинија
- Лепило
- Ножици
- Скалпел
- По желба: хартија во боја, креп хартија, боички, светки…
Подготвување на цветовите

Со скалпел, внимателно отвори правоаголно прозорче на предната страна на чашките. Не го сечи врвот и дното на чашките.

Направи прашници
1. Исечи два картонски круга со ист дијаметар како кругот на врвот од чашката.
2. Постепено намали ги круговите така што еден може да се вметне и да стои заглавен на средината на чашката, а другиот на врвот од чашката. Потоа исечи помал круг во средината на секој картон за да добиеш два прстена.
3. Цврсто замотај ја волната околу картонскиот прстен и залепи го слободниот крај.
4. Имаш прашници од јаглики!

Направи толчник
1-2. Измери ја висината од дното на чашката до секој од прашниците.
3. Внимателно пресечи го хартиеното цевче до измерената висина - ќе имаш едно пократко и едно подолго цевче.
4. Замотај околу 6cm од украсната жица околу еден прст за да добиеш прстенче со опавче. Ова е устенцето на твојот цвет.
5. Вметни го устенцето во исечената сламка
6. Залепи го готовиот толчник во средината на дното од чашката
Состави го цветот

Наполни ги прашниците со “полен“ од црвен пипер или портокалов кумин. Со лажичка нанеси полен насекаде во внатрешниот круг на прашникот. Нежно потчукни го прашникот од чинијата за да падне вишокот на полен.
Внимателно намести ги прашниците во цветовите. Во S-формата (со краток толчник) стави го прашникот што го собира на врвот од чашката Во L-формата (долг толчник) стави го прашникот што го собира во средината од цветот. Провери дали висината меѓу прашникот и толчникот е иста во двете цветни форми.
Украси ги цветовите по желба.

Сега имаш две форми на јаглики! Дали може да ги познаеш сите цветни делови од сликата?

Направи опрашувач

1. Вметни околу 3cm од декорираната жица на едниот крај од хартиена сламка.
2. Замотај ја жицата околу сламката 3-4 пати.
3. Додај црна боја за телото на опрашувачот - прицврсти ја декорираната жица во црна боја на онаа со светла боја.
4. Продолжи да ги моташ двете жици околу сламката за да го направиш телото на опрашувачот!
Можеш да направиш и опрашувач од пластелин, од волна или било каков друг материјал. Само провери дека поленот што го користиш се лепи за главата и телото на опрашувачот!
Опрашување

1. Внимателно вметни го опрашувачот во цветот до L-форма, додека не ги допре прашниците. Потоа размрдај го опрашувачот во цветот.
2. Извади го опрашувачот од цветот и набљудувај го. На кој дел од неговото тело има полен? Во L-цветовите прашниците се наоѓаат кон дното на цветот, па поленот обично се лепи на главата на опрашувачот.
3. Сега истиот опрашувач со полен на главата, вметни го во S-цветот. Повторно размрдај го во цветот, и набљудувај како главата на опрашувачот е сега во контакт со устенцето.
4. Извади го опрашувачот и набљудувај го устенцето на толчникот. Дали забележуваш полен?
5. Убаво исчисти ја главата на опрашувачот, и повтори го опрашувањето, но сега прво нека посети S-цвет, па потоа L-цвет. На кој дел од телото се лепи поленот?
6. Што се случува доколку опрашувачот посети два S-цвета еден по друг? Или два L-цвета?
Што се случува?
Опрашувачите се животни кои летаат од цвет на цвет во потрага по храна. Кога ќе слетаат на некој цвет за да се хранат, цветниот полен се лепи за нивното тело. Залепениот полен така ќе патува до следниот цвет што ќе го посети опрашувачот. Доколку поленот се пренесе на устенцето од цветот, велиме дека цветот бил успешно опрашен. Поленот кој се наоѓа на устенцето ќе прор’ти и ќе го оплоди толчникот, кој потоа ќе се развие во плод и семе.
Хетеростилните растенија како што се јагликите, имаат две цветни форми кои се разликуваат по должината на прашниците и столпчето на плодникот. Во двете цветни форми нектарот е скриен на дното на цветот, па затоа опрашувачите мора да навлезат длабоко во цветот во потрага по храна. Поради ова, кога опрашувачот ќе влезе во L-цвет, поленот ќе се залепи за неговата глава, а кога ќе влезе во S-цвет, поленот ќе се му се залепи на задниот дел од телото.
Ако опрашувачот има залепено полен на главата и веднаш потоа слета на Ѕ-цвет, тогаш со главата ќе го допре устенцето и поленот ќе се залепи на него. Но доколку опрашувачот со полен на главата посети друг L-цвет, тогаш поленот е предалеку од устенцето, и нема да го опраши цветот. Исто така, доколку опрашувачот има полен на задниот дел и веднаш потоа посети L-цвет, поленот ќе биде во контакт со устенцето кое е на висина на задниот дел од опрашувачот.
Кај јагликите размножувањето е можно само кога едното растеније е со L а другото со S форма, со цел да се одбегне самоопрашување. Потомството создадено преку самоопрашување може да страда од од депресија на сродство (инбредна депресија).
Благодарение на хетеростилноста, јагликите се осигураат дека нивниот полен ќе стигне до толчникот на цвет со којшто се компатибилни и така поефикасно се размножуваат.
Сподели го експериментот