Барање пролетни јаглики

Што е хетеростилност и како да ја препознаете?

Многу често растенијата ги распознаваме по кaрактеристичната форма, боја, а понекогаш и по мирисот на нивниот цвет. Веројатно сите ќе ги препознаете овие растенија:

Кокиче, Зумбул, Нарцис

Но, понекогаш еден вид на растение може да има два или повеќе видови на цветови. Сите знаеме дека постојат каранфили и гербери со најразлични бои:

Каранфил, Гербер

И дивите растенија може да имаат различни цветови, иако овие разлики се многу посуптилни. Овој вид синоличка има цветови со или без виолетови дамки, а и големината на дамките може да биде различна.

Синоличка

Тиквите, краставиците и дињите имаат машки и женски цветови. Може да погодите кој од овие два цвета од краставица е женски?

Цветот десно е женскиот – тој има толчник што веќе изгледа како мал плод на краставица, додека цветот лево е машки и нема толчник.

Пролетните јаглики исто така имаат два вида на цветови, кои ги нарекуваме L-форма и S-форма.
Овие две форми можеби не се толку лесни за распознавање, но со малку подетално набљудување може да се види разликата меѓу нив:

S-формата има краток толчник (женски репродуктивен орган) кој е скриен од прашниците (машки репродуктивни органи), па кога гледате S-цвет одозгора, изгледа дека има капаче направено од 5 прашници.

L-формата има долг толчник (женски репродуктивен орган) чиешто устенце излегува од венечните ливчиња и изгледа како точка, а прашниците (машки репродуктивни органи) пак се скриени во цветот.

S-форма L-форма

Знаете како изгледаат пролетните јаглики? Ќе успеете да ги разликувате овие две форми? Тестирајте се овде!

Доколку овој квиз ви беше забавен, дали сакате да го примените стекнатото знење за двете цветни форми на пролетната јаглика, и во исто време да помогнете за развојот на науката? Тоа може да го направите преку апликацијата достапна на страницата cowslip.science/mk

Документот со упатства за набљудување може да го преземете тука, а може и да го погледнете ова видео:

Сподели ја активноста