ИНТРАСПЕЦИФИЧНИ И ИНТЕРСПЕЦИФИЧНИ ИНТЕРАКЦИИ

Тема: Живите организми во нивната животна средина
Наставна eдиница: Адаптации на абиотичката и биотичката животна средина (1) и (2)
Одделение: 7 одделение

Под повеќето видеа има прашања кои го тестираат вашето знаење. Ако кликнете на прашањето ќе се појават неколку можни одговори, како и мало YouTube прозорче. Ако го знаете одговорот, кликнете на една од понудените опции. Ако пак не сте сигурни, кликнете на YouTube прозорчето што ќе се појави и ќе бидете однесени на делот од видеото каде што се крие одговорот.

Прашања:

1. Кога се караш со твоите браќа и сестри за кој да го изеде последно колаче ова е:

Позитивна, интерспецифична интеракција
Позитивна, интраспецифична интеракција
Негативна, интерспецифична интеракција
Негативна, интраспецифична интеракција

Клик на долното видео ќе ве однесе до делот од видеото поврзан со прашањето.

2. Во Африка постои вид на птици кои се хранат со нечистотиите заглавени во забите на крокодилите. Крокодилите не ги јадат овие птици бидејќи им помагаат да си ги „мијат“ забите. Каков вид на интеракција е ова?

Измислена
Позитивна, ИНТРАспецифична интеракција
Позитивна, ИНТЕРспецифична интеракција
Негативна, ИНТРАспецифична интеракција
Негативна, ИНТЕРспецифична интеракција

Клик на долното видео ќе ве однесе до делот од видеото поврзан со прашањето.

Доколку сакате да додадете ново прашање на видеото кликнете на копчето "Додади прашање" и пополнете го формуларот. Откако ќе ги внесете информациите за прашањето продолжете со додавање на одговорите преку копчето "Додади нов одговор". Кога ќе ги внесете сите потребни информации кликнете на копчето "Прикачи" за да го одобриме прашањето.

Сподели