Симулатор на Monty Hall проблемот
Правила на играта
Понудени се три врати – позади две од нив се наоѓа Хекси, а една го крие логото на глеј.мк.
! Целта на играта е да се погоди вратата позади која се наоѓа логото на глеј.мк и да се освои наградата која ја крие !
Играта се состои од три чекори:
- Најпрвин, играчот избира една од трите врати.
- Потоа, водителот на играта открива врата позади која е познато дека се крие Хекси (водителот знае каде е логото на глеј.мк и затоа никогаш нема да го открие).
- На крај, играчот треба да одлучи: дали ќе ја отвори првоизбраната врата или, пак, ќе се премисли и ќе ја отвори другата затворена врата.
Ако вратата што ќе ја отвори го крие логото на глеј.мк, играчот победува и ја освојува наградата што се крие позади вратата!
За играта
И покрај тоа што е едноставен, проблемот на Monty Hall е збунувачкa загатка на веројатност. Тој има збунето многу луѓе низ годините, вклучително и некои многу паметни луѓе кои не верувале во резултатите спротивни од интуицијата.
Во оваа симулација можеш интерактивно да ја играш играта заснована на Monty Hall проблемот неограничен број пати. Притоа, самиот ќе утврдиш дали и која стратегија е подобра: промена на вратата или останување на првоизбраната врата. Што е најважно, ќе разбереш зошто е тоа најдобрата стратегија, и покрај тоа што на почетокот можеби не изгледа така.
Статистика на мојата игра
Кликни на било која врата за да играш!