Излезете во природа за да броите јаглики

Пролет е време за прошетки во природа и екскурзии. Искористете го убавото време за да уживате во природата, да придонесете во развојот на науката и да освоите награди!

Како партнер на кампањата Барање пролетни јаглики, Наука за деца им помага на Естонските научници да соберат што е можно повеќе податоци за хетеростилноста на јагликите низ цел Европски континент. А на најуспешните бројачи на јаглики ќе им доделиме награди.

Организирајте тим на бројачи на јаглики за да се натпреварувате за научна работилница за цело одделение. Доделуваме три награди:

  1. 1. Најмногу набљудувани популации
  2. 2. Најголем број на набљудувани растенија
  3. 3. Најраздалечени набљудувани локации

Како да учествувате во натпреварот?

  1. - Излезете надвор и најдете јаглики.
  2. - Извршете набљудување на јагликите според упатствата достапни на cowslip.sciencе/mk.
  3. - Внесете ги податоците од набљудувањето во апликацијата. Користете една електронска адреса за цело одделение. Внимавајте набљудувањето да ги содржи сите неопходни податоци и фотографии за да биде валидно!
  4. - Натпреварот завршува на 21ви мај на пладне.
  5. - Нашиот научен тим ќе ги провери набљудувањата и ќе прогласи три одделенија-победници кои ќе бидат контактирани преку електронска пошта.

Како да се внесе валидно набљудување?

За да биде корисно за истражувањето, секое набљудување треба да содржи:

  • - Точни GPS координати на популација
  • - Координатите треба да се барем 100 m подалеку од сите претходно внесени набљудувања
  • - Податоци од барем 10 набљудувани јаглики
  • - Барем една фотографија на јагликите од блиску и една фотографија од вас со јагликите
  • - Kоментар на набљудувањето со име и презиме, одделение, училиште и град
  • - Иста електронска адреса за испраќање на набљудувања од сите учесници од едно одделение

Видео објаснување:

Но како се набљудуваат јаглики?

Маријан Калдра, научник на Универзитетот Тарту во Естонија, ќе ви објасни како да ги препознаете двете форми на јаглики и како изгледа едно набљудување, а овде може да превземете документ со детално објаснување.

Што е хетеростилност и зошто ја изучуваме?

Дознајте во ова видео, или на веб страната на кампањата

Сакате уште повеќе јаглики и природа?

Оваа пролет со нашите партнери организираме настан Пролет на јагликите. Посетете ги работилниците на тема јаглики и зачувување на природата кои ќе ги организиранизираме, и следете нè на социјални медиуми за да дознаете за останатите активности кои ви ги подготвуваме:

Ботаничка градина

Едукативен центар за зачувување на природата

МЕД/MES - Македонско Еколошко друштво

Наука За Деца